Русија протерува 34 од околу 90 германски дипломати кои работат во Москва, објави денеска германскиот таблоид „Билд“, повикувајќи се на свои извори.
Руското министерство за надворешни работи претходно објави дека дипломатите се протеруваат како одговор на „непријателските чекори на Берлин“, пренесува агенцијата ТАСС.
Значително ќе се намали и максималниот број на персонал во германските дипломатски претставништва во Русија.