243
Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе протера пет португалски дипломати.
Москва изјави дека овој потег е одговор на фактот што Лисабон протера десет вработени во руската амбасада минатиот месец, пренесува „Ројтерс“.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека португалските дипломати се обврзани да ја напуштат земјата во рок од 14 дена од доставувањето на соодветната нота до нивниот амбасадор.