Русија прогласи за персона нон грата службеник на црногорската амбасада во Москва, како одговор на одлуката на Подгорица од 7 април да протера дипломати од руската амбасада во земјата.
Црногорскиот амбасадор во Москва денеска беше повикан во Министерството за надворешни работи на Русија, каде му беше врачена нота за тоа, објавено е на веб-страницата на руското Министерство.
„Црногорскиот амбасадор во Русија, Милорад Шчепановиќ, на 31 мај беше повикан во руското Министерство за надворешни работи, каде што му беше врачена нота од министерството со која службениците од црногорската амбасада се прогласени за персона нон грата“, се вели во соопштението, пишува „Вијести“.
Да потсетиме, Подгорица на 7 април прогласи за персона нон грата четворица руски дипломати.