Русија: Разговори со Украина можни само под наши услови

од Stefanija Kuzmanovska
372 прегледи

Преговорите меѓу Русија и Украина се можни само со разгледување на руските услови, но Москва нема да се обиде да го убедува Киев, изјави денеска за новинарите претседателката на Советот на Руската Федерација Валентина Матвиенко, која моментално е во официјална посета на Зимбабве.

„Преговорите се можни само со разгледување на нашите услови кои ги дефиниравме. Нашата подготвеност за разговори не значи дека ќе ја убедуваме Украина, не“, рече Матвиенко, одговарајќи на прашањето на ТАСС.

Ако Украина покаже доволно волја и разбере се што се случи, тогаш преговарачкиот процес ќе биде возможен под условите формулирани од Русија.

Слични содржини