Русија би можела да го повлече признавањето на независноста на Летонија, Естонија и Украина, изјави денеска пратеникот на Државната дума, Евгениј Фјодоров.
Според „Спутник“, рускиот пратеник до Државната дума доставил предлог-закон за поништување на резолуцијата на Државниот совет на ССР „За признавање на независноста на Литванија“, а во образложението се наведува дека одлуката е незаконска бидејќи ја донел неуставен орган прекршувајќи ги барањата од неколку членови од Уставот на ССР.
„Ние само што почнавме од Литванија и јасно е зошто, Литванија е поопасна за Русија во однос на ситуацијата поврзана со регионот Калининград и конфронтацијата со НАТО и САД. Затоа сега Литванија е поважна, но тоа не значи дека ќе застанеме тука“, изјави пратеникот на Државната дума, Евгениј Фјодоров.