Русија регрутира нови 134.000 војници

од Nikola Popovski
288 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша одлука, според која напролет во руската армија ќе бидат примени 134.000 нови војници. И покрај тоа што Русија врши агресија врз Украина повеќе од еден месец, нивното Министерство за одбрана истакна дека повикот до армијата нема никаква врска со актуелниот конфликт.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојку рече дека новите регрути нема да бидат испратени на фронтот.

„Повеќето воени лица во центрите за обука ќе поминат професионална обука во траење од три до пет месеци. Нагласувам дека регрутите нема да бидат испратени во жариштето на војната“, рече денес Шојгу.

Слични содржини