182
Во изминатите 24 часа, во Русија беа регистрирани рекорден број нови случаи на коронавирус – 29 935 случаи, објави Оперативниот штаб за борба против вирусот.
Вкупниот број на пациенти од почетокот на пандемијата достигна скоро три милиони – 2.963.688.
Во исто време, регистриран е рекорден број на смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата – 635. Така, вкупниот број на смртни случаи достигна 53.096 лица.
Најмногу смртни случаи имало во Москва – 76, Санкт Петербург – 72 и Московска област – 29.
Од болниците се отпуштени 26.890 пациенти, а од март вкупно 2.370.857.
Вакцинирањето на граѓаните започна во Москва на почетокот на декември, а потоа продолжи низ цела Русија.