Поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, кој е во бегство, моментално е во Минск, а Кремљ во моментов го подготвува за специјална операција, пишува украинска „Правда“, според извор од украинските разузнавачи.
Се забележува дека според едно сценарио Кремљ ќе се обиде да го прогласи за „нов претседател на Украина“.
-Добиените информации покажуваат дека Кремљ можеби подготвува информативна операција или акција за враќање на поранешниот претседател Јанукович во Украина или за објавување апел во негово име до украинскиот народ во блиска иднина, пишува украинскиот медиум.
Во главниот град Киев во ноември 2013 година почнаа протести кои траеа три месеци, а кулминираа со судири во кои животот го загубија повеќе од 100 невооружени лица и околу 20 полицајци кои го обезбедуваа собирот.
Антивладините протести во Украина кои доведоа до соборување на тогашниот претседател Виктор Јанукович.
Јанукович во текот на нередите побегна во Русија, а во мај 2017 година против него во Украина е покрената судска постапка во која се обвинува за предавство на земјата, односно пружање помош во нападите на Украина, со намера за промена на границите на оваа земја.
Фото: Getty