401
Министерството за одбрана на Русија денеска го објави моментот на нападот на трговскиот центар во Киев.
Најмалку осум лица загинаа во руското гранатирање на трговски центар во киевската станбена населба Подил, соопшти главниот украински обвинител.
„Според информациите со кои моментално располагаме, погодени се неколку домови, како и трговскиот центар“, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на својот канал на Телеграм.
Трговскиот центар се наоѓал во густо населен дел на Киев, помеѓу повеќе станбени згради.