Русија се изјасни против трибунал за урнатиот MH17

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Година откако патнички авион со 298 патници се урна над источна Украина, продолжуваат да се појавуваат инкриминирачки докази како одговор  на прорускитесепаратисти. Во исто време Русија се спротиеопостави на инсистирање за меѓународен трибунал на ОН. Во разговор со холандскиот премиер Марк Рјуте, рускиот претседател Владимир Путин го одредил како “неодговорно и контрапродуктивно”, а во исто време е ги критикувал нмноогуте верзии во медиумите  за тоа што се случило. Тоа, според него,  создава впечаток дека обвинувањата се политички.

430x306 (1)

Москва и проруски сепаратисти го  обвинуваат Киев за трагедијата со авионот.

Меморијата на жртвите ќе биде одбележана  од нивни роднини на церемонии во Холандија и Украина утре. Имињата на сите загинати ќе бидат прочитани. Роднините велат дека само сакаат правда, некои од нив се уште не добиле остатоците на блиски, за да ги закопа. Во Украина ќе бидат оставени играчки и цвеќе на местото на несреќата.

Холандските иследниците изјавија вчера дека летот  МН17 на малезиската авиокомпанија е соборен од  проруски сепаратисти во Донбас.

ukraina_avion_soboren-620x412

Тоа го  тврдат од  извори од холандската комисија, за  истражување на  авионската несреќа во источна Украина и за тоа се  подготвува извештај за Советот за безбедност.
До овој момент документот е од неколку стотици страници . Според зборовите на еден од изворите на телевизијата,  извештајот опишува точниот тип ракета , која би можела да го  урне авионот и траекторијата на нејзиниот лет, пишува агенција Новости.

Според друг извор, извештајот  не само што го наведува местото , каде е истрелана ракета, но и забележува под  чиј надзор се наоѓала оваа територија во времето на инцидентот – така директно одговорноста за трагичниот инцидент се насочува кон проруските сепаратисти.

Изворот нагласува дека сепак според експертите, се спроведува истрага,  вина носи  и малезиската авиокомпанија , кои не известила за  предупредувањето за опасност за летовите, кои минуваат низ регионите во кои се водат борбени дејства.

Патнички авион Boeing 777 на Malaysia Airlines , кој летал MH17 од Амстердам за Куала-Лумпур, се урна на 17 јули 2014 година во Донецката област. Загинаа 283 патници и 15 членови на екипажот – граѓани на 10 држави. Основната верзија за несреќата се фокусира на напад со ракета “земја – воздух” или “воздух – воздух”. Властите во Украина и претставници на сепаратистите меѓусебно се обвинија за случката.

Со истрага за инцидентот се занимава Советот за безбедност на Холандија – државата со најголем број жртви на инцидентот.