Русија се пофали со прво освоено место во досега „негибнат“ регион на Украина

Од украинските власти или од руското Министерство за одбрана засега нема потврда за ваквите тврдења.

од desk2
30 прегледи

Руските сили освоиле населено место во Днипропетровската област во Украина, што е првата локација преземена од Русија во овој регион, што значи и голема победа и психолошки удар за Украина, известија руската државна новинска агенција РИА и проруски блогери.

Според наводите, Русите го освоиле селото Дачноје, првото населено место во Днипропетровската област, и „го изгониле непријателот“. Од украинските власти или од руското Министерство за одбрана засега нема потврда за ваквите тврдења.

Пред три седмици, руски функционери тврдеа дека нивните сили влегле во источниот дел на Днипропетровската област, но украинските власти тогаш порачаа дека нападот е одбиен.

Днипропетровск се наоѓа западно од Донецката област и не е дел од петте украински региони коишто Русија формално ги смета за свои. Во текот на скорешните преговори во Истанбул, руските преговарачи се заканија дека Русија ќе преземе уште украински територии ако Украина не се согласи на руските услови за примирје.

Русија, инаку, постојано врши бомбардирања и гранатирање на Днипропетровската област, а во еден напад минатата седмица се убиени најмалку 17 цивили, а беа погодени и болници, училишта и патнички воз.