237
Русија ги известила членките на Советот на балтичките држави дека се повлекува од таа меѓувладина организација, соопшти руското МНР.
Министерството наведува дека ваквата одлука е донесена како одговор на „непријателските акции“, пренесува „РИА Новости“.
Министерството забележува дека повлекувањето од Советот на државите од Балтичкото Море нема да влијае на присуството на Русија во регионот и вели дека „обидите за исфрлање на Русија од Балтикот се осудени на пропаст“.