Инвестицискиот фонд на синот на американскиот претседател Хантер Бајден учествувал во финансирањето на воено-биолошката програма на Пентагон во Украина, тврди шефот на радијациските, хемиските и биолошките сили на руските вооружени сили, генерал-полковник Игор Кирилов.
-Добиените материјали ни овозможуваат да ја следиме шемата на интеракција на американските државни органи со украинските биолошки објекти. Вреди да се одбележи дека во финансирањето на овие активности учествуваа структури блиски до сегашното раководство на САД, особено инвестицискиот фонд Розмонт Сенека, со кој раководи Бајден, изјави Кирилов.
Фондот располага со значителни финансиски средства во износ од најмалку 2,4 милијарди долари, прецизира генералот, а пренесува РИА Новости.
Фото: Getty Images