Русија со „Бели лебеди“ го гранатира Азовстал

од Nikola Popovski
418 прегледи

Воздушно-космичките сили на Руската Федерација извршиле гранатирање врз комплексот „Азовстал“.

Нападите ги извеле стратешките бомбардери Ту-160 познати како „Бел лебед“.

Пред неколку часа на канал на Телеграм беше објавено видео од ракетирањето на челичарницата.

Според руската страна, нападите биле извршени затоа што припадниците на полкот „Азов“, кои се наоѓаат во подземните комплекси на фабриката „Азовстал“, го искористиле хуманитарното примирје и зазеле огнени позиции околу излезната шахта и пукале кон руските војници.

Слични содржини