Русија смета на поддршката на Кина за воспоставување рамнотежа на силите со европските земји и со САД, изјави заменик постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански.
Како што појасни, Русија со право очекува таква поддршка од Кина бидејќи е нејзин најблизок сосед, но и стратешки партнер.
Имаме толку добри односи што имаме можност да водиме дијалог за најкомплицираните прашања од меѓународната политика, имаме можност да најдеме заеднички јазик за најсложените прашања“, рече тој.
Полјански нагласи дека Кина ја дели загриженоста на Москва во однос на безбедносните гаранции и ја поддржува Русија во таа насока.
„Како што видовте по разговорите меѓу рускиот и кинескиот претседател Владимир Путин и Си Џинпинг на маргините на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг, нашите кинески партнери целосно ја разбираат и споделуваат нашата загриженост за европската безбедност“, рече тој.
Полјански додаде дека НАТО и САД исто така треба да се залагаат за зачувување на светската стабилност, барем поради чувството на самоодржување.