Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе го отвори пристапот до украинските пристаништа на Црното Море само доколку бидат укинати санкциите против Кремљ, пренесе агенцијата Интерфакс.
Украина, еден од најголемите светски производители на жито, извезуваше најголем дел од својата стока преку своите поморски пристаништа, но откако Русија испрати војници во Украина, таа беше принудена да извезува со воз или преку своите мали пристаништа на реката Дунав.
Шефот на ОН за храна Дејвид Бисли апелираше до рускиот претседател Владимир Путин: „Ако воопшто имате срца, отворете ги овие пристаништа“.