Русија: Соборен украински дрон кој летал кон Москва

од Stefanija Kuzmanovska
201 прегледи

Руските сили за противвоздушна одбрана утрово соборија украинско беспилотно летало кое леташе кон Москва, соопштија градоначалникот Сергеј Собјанин и руското министерство за одбрана.

Како што е наведено во соопштението за печатот на руското министерство, обидот на Киев да изврши терористички напад е сопрен и соборен е беспилотно летало со фиксни крила над градскиот округ Подолск во Московскиот регион, пренесува РИА Новости.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин на Телеграм наведе дека дронот летал кон руската престолнина.