Вооружените сили на Руската Федерација спречиле обидите на Вооружените сили на Украина (АСУ) да ја нападнат нуклеарната централа Запорожје со беспилотни летала, соопшти денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-полковник Игор Конашенков.
– Беа спречени обиди на вооружените сили на Украина да ја нападнат територијата на нуклеарната централа со осум дронови камикази. Сите украински беспилотни летала беа соборени надвор од територијата на нуклеарната централа, рече Конашенков.
Како што пренесе БТА, тој го истакна фактот дека ситуацијата со радијација во областа на нуклеарната централа Запорожје е во рамките на нормите.
Засега нема коментар од украинската страна за руските тврдења. Двете земји редовно меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на најголемата нуклеарна централа во Европа. Лоцирана во делумно окупираната од Русија област Запорожје во југоисточна Украина, централата беше заземен од руската армија во март.
Украинските вооружени сили во последните 24 часа собориле осум беспилотни летала камикази, испорачани на Русија од Иран, изјави во меѓувреме украински претставник.
Тврдењата на двете страни во конфликтот не се независно проверени.