62
Руската полиција спречила атентат на неименуван директор на воено-индустриско претпријатие, соопшти денеска Федералната служба за безбедност (ФСБ).
ФСБ планираниот атентат го означи како терористички чин, за што ги обвини украинските специјални служби, пренесува РИА Новости.
Полицијата приведе седум руски државјани, меѓу кои и тројца малолетници, под сомнение дека планирале да го убијат неименуваниот директор со бомба од домашно производство, која наводно планирале да ја постават под неговиот автомобил.