Русија станува кинеска колонија?

од Stefanija Kuzmanovska
396 прегледи

Откако Русија одлучи да ја нападне Украина во февруари 2022 година, економијата, која дотогаш главно се базираше на соработка со западните земји, пропадна речиси преку ноќ.

Поради тоа, со текот на времето, Русија почна се повеќе да се врти кон Кина и другите азиски земји, кои се покажаа како една од ретките кои сакаат да постигнат поголема соработка со Руската Федерација.

Секако, зад се стојат одредени интереси, а имајќи предвид дека Русија не е баш во позиција да избира партнери, секоја азиска земја, особено Кина, беше во поповолна преговарачка позиција од Москва.

Главниот економист на Институтот за меѓународни финансии, Робин Брукс, ја анализираше економската соработка на Русија со голем број земји, а особено се осврна на односите меѓу Пекинг и Москва. Гледајќи ги податоците, Брукс истакнува дека Кина неодамна стана најважниот партнер на Русија.

„Кина стана најголемиот трговски партнер на Русија. Секој пад на извозот од западните земји е повеќе од компензиран со огромниот пораст на кинескиот извоз во Русија. Зголемувањето на кинескиот извоз е еден од најголемите столбови за поддршка на воената економија на Путин“, вели Брукс.

Анализа на економската соработка меѓу Кина и Русија беше направена и од други аналитичари, а официјалните податоци покажаа дека вкупната трговска размена меѓу Кина и Русија во мај 2023 година се зголеми на нивоа што не се забележани од почетокот на руската инвазија.

Трговската размена меѓу двете земји минатиот месец изнесуваше 20,5 милијарди долари. Кинески увоз од Русија е евидентиран во износ од 11,3 милијарди долари, се појаснува.

На претходните средби Владимир Путин и Си Џинпинг ветија дека двете земји ќе ја зголемат трговската размена на 200 милијарди долари до крајот на 2023 година и истакнаа дека кинеско-руското партнерство е безгранично.

Сепак, судејќи според официјалните податоци, се чини дека односот меѓу Кина и Русија е далеку од односот што треба да го имаат рамноправни економски партнери.

Слични содржини