Русија стави американски сенатор на потерница

од Stefanija Kuzmanovska
323 прегледи

Министерството за внатрешни работи на Русија го стави на потерница американскиот сенатор Линдзи Греам, објавија руските медиуми во понеделникот, 29 мај, повикувајќи се на базата на податоци на министерството.

Во монтираното видео објавено од кабинетот на украинскиот претседател во петокот, 26 мај, од средбата на Греам со Володимир Зеленски, Греам е прикажан како вели „Русите умираат“, а потоа вели дека поддршката на САД е „најдобрите пари што некогаш сме ги потрошиле“.

Украина објави целосна видео снимка од средбата која покажува дека двете забелешки не се поврзани.

Рускиот истражен комитет објави во неделата, 28 мај, дека отвора кривична истрага за коментарите на Греам. Не е прецизирано за кое кривично дело е осомничен.

Во неделата, Греам ги оспори руските критики за неговата поддршка за Украина, велејќи дека тој едноставно го фали духот на Украинците во отпорот на руската инвазија со помош на Вашингтон.

Републиканецот од Јужна Каролина е познат по своите ставови за надворешната политика, како отворен поддржувач на зголемената воена поддршка за Украина во нејзината борба против Русија.

Русија претходно додаде десетици американски функционери и избрани политичари на црните листи, забранувајќи им влез во земјата, но ретко бараше апсење на високи американски функционери, пренесува РСЕ.

Слични содржини