Русија: Судбината на Украина ќе ја одредуваат луѓето кои живеат на нејзината територија

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Задачите на специјалната воена операција во Украина ќе бидат исполнети, Русија не брка рокови, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.

Тој во интервју за весникот „Аргументи“ посочи дека ќе се постигнат сите цели што ги поставил претседателот на Русија, пренесе Интерфакс.

„Судбината на Украина ќе ја одредуваат луѓето кои живеат на нејзината територија“, додава тој.