Руските стратешки ракетни сили извршија успешно пробно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета, соопшти руското министерство за одбрана.
Министерството објасни дека целта на лансирањето, што беше извршено на југот на земјата во вторникот, е да се провери способноста на борбената опрема за интерконтинентални балистички ракети и дека овозможува да се потврди „исправноста на техничките решенија користени во развојот на нови стратешки ракетни системи“, пренесе РИА Новости.
„Пробната боева глава на проектилот прецизно погоди лажна цел на полигонот Сари-Шаган во Казахстан“, соопшти министерството.
😒Russia tested an intercontinental ballistic missile: its warhead fell in Kazakhstan
The purpose of the launch is to check prospective combat applications
Channel 24 pic.twitter.com/TrELpvIZ0K
— Malinda 🇺🇸🇺🇦🇵🇱🇨🇦🇮🇹🇦🇺🇬🇧🇬🇪🇩🇪🇸🇪 (@TreasChest) April 12, 2023
Во соопштението се нагласува и дека „задачите за лансирање се целосно завршени“ и дека припадниците на воените сили кои учествувале на вежбата „целосно успеале да ги завршат поставените задачи“.