367
Тинејџерите ќе добијат пет пати помалку дози за време на вакцинацијата со „Спутник Ве“ (Спутник В), изјави директорот на центарот „Гамалеја“, Александар Гинцбург.
Пациентите на возраст од 12-17 години ќе ја примат вакцината во две дози.
„Се е идентично, но концентрацијата на вакцината е пет пати помала“, вели тој.
Во текот на минатата недела, руската влада издвои повеќе од 1,4 милиони долари за третата фаза од истражувањето на вакцината „Спутник V“ кај тинејџерите.
Претходно, Министерството за здравство на Русија објави дека вакцинацијата на тинејџерите ќе биде доброволна и со согласност на родителите или старателите.