Русија планира да преземе целосна контрола врз Донбас и јужна Украина, како дел од втората фаза од воената операција во Украина, изјави денеска вршителот на должноста командант на рускиот Централен воен округ Рустам Минекаев.

На годишниот состанок на Асоцијацијата на претпријатија од одбранбената индустрија на регионот Свердловск, Минекаев рече дека Русија планира да обезбеди копнен коридор до Крим, пренесува РИА Новости.

„Од почетокот на втората фаза од специјалната операција, која беше започната пред два дена, една од задачите на руската армија е да воспостави целосна контрола над Донбас и јужна Украина, што ќе обезбеди копнен коридор до Крим и влијание врз витални објекти на украинската економија“, рече тој.

Спречен терористички напад на хуманитарен конвој во Украина

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека, на територијата на Украина под контрола на руските сили, ја прекинала активноста на диверзантска група, која подготвувала терористички напад врз хуманитарен конвој и руски воен персонал користејќи автомобил бомба.

ФСБ наведува дека се запленети оружје, муниција и радио станици, пренесува Интерфакс.

Слични содржини