236
Руските вооружени сили убиле 80 полски борци активни во украинската армија во источна Украина, соопшти во саботата руското Министерство за одбрана.
Во ракетен напад врз фабриката за преработка на цинк „Мегатекс“ во Костијантинивка загинаа 80 полски „платеници“, изјави портпаролот на министерството Игор Конашенков.
Русија ги нарекува платеници сите доброволци кои се борат на страната на Украина.
Конашенков, исто така, извести за ракетен напад врз Миколаев во јужна Украина, во кој според него загинле 300 војници.
Тој истакна дека Украина загубила 780 „националисти“ во воздушни, ракетни и артилериски напади во последните 24 часа, бројка што не може да се потврди независно од бројните медиуми.