Русија тврди дека биле нападнати нејзини граничари, Украина нема информации за инцидентот

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Руски регионален функционер во средата изјави дека граничарите во регионот Курск, на границата со Украина, биле под оган, додека училиштата во блискиот Белгород биле евакуирани по закана за бомба, рече градоначалникот.

Москва, која ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари, го обвини Киев дека цели на руски имот преку граница.

„Вчера, на 5 април, тие се обидоа да пукаат со минофрлачи врз позицијата на нашите граничари во областа Суџан“, изјави Роман Старовоит, гувернер на областа Курск.

„Руските граничари возвратија со оган… Немаше жртви или штети на наша страна“, рече Старовоит, додавајќи дека регионалните власти биле во контакт со Министерството за одбрана и ги повикале граѓаните да останат смирени.

Украинската армија соопшти дека нема информации за инцидентот.

„Немаме такви информации“, изјави портпаролот на Генералштабот на украинските вооружени сили како одговор на прашање на Ројтерс за коментарите на рускиот регионален функционер.

Во посебен коментар за новинската агенција РИА, тој рече дека минофрлачите испукани на граничниот премин Суја не стигнале до руска територија.

Градоначалникот на рускиот град Белгород, на околу 35 километри од границата со Украина, изјави дека училиштата биле евакуирани по заканите за бомби.

„Разбираме дека ова е дел од информативниот притисок (кампања) врз нашиот регион“, рече градоначалникот Антон Иванов, без да каже кој според него е одговорен за заканите.

Слични содржини