Нападот со тактичкиот ракетен систем „Точка У“ на Краматорск го извршила украинската армија од областа на населбата Добропоље, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
„Според наведените податоци, нападот на железничката станица во Краматорск го изврши ракетната дивизија на Вооружените сили на Украина од областа на населбата Добропоље, која се наоѓа на 45 километри југозападно од градот“, соопштило руското министерство, пренесе Спутник.
Како што е наведено, „целта на нападот на режимот во Киев на железничката станица Краматорск била да се спречи масовното заминување на жителите од градот за да се користат како „жив штит“ за одбрана на нивните позиции“.
Рускиот воен сектор, исто така, наведува дека „режимот во Киев објавил на социјалните мрежи монтирани фотографии од системите за лансирање „Точка У“ кои учествувале на руско-белоруските воени вежби „Сојузничка определба 2022“, одржани во февруари 2022 година.
Како што се наведува, целта е да се обвини Русија дека извршила ракетен напад на железничката станица во Краматорск.