Русија тврди дека секое утро ќе го прекинува огнот

од Nikola Popovski
283 прегледи

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека секое утро во 8 часот ќе отвора хуманитарни коридори за евакуација на цивили кон Русија, пренесува Ројтерс.

Ниту еден цивил денеска не може да го напушти опколениот украински град Мариупол, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Говорејќи на украинската национална телевизија, Верешчук рече дека евакуацијата од Мариупол не може да продолжи бидејќи руските сили не го почитувале привремениот прекин на огнот, пренесува Гардијан.

Денеска беа направени обиди за воспоставување на хуманитарни коридори во седум украински региони кои се тешко погодени од борбите: Суми, Мариупол, Изум, Волноваха, Тростјанец, Краснопил и Киев.

Слични содржини