Русија тврди дека соборила 16 украински проектили и 31 дрон над Белгород

од Nikola Popovski
168 прегледи

Руските противвоздушни системи уништија 16 проектили и 31 дрон лансирани од Украина на преминот од недела кон понеделник на руска територија, вклучително и 16 проектили над граничната област Белгород, соопшти руското Министерство за одбрана, додавајќи дека 15 лица загинале во украинскиот напад врз областа во недела.

Гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, на „Телеграм“ објавил дека, според прелиминарните податоци, во денешниот напад биле оштетени пет куќи.

Руското министерство рано утрово соопштило дека 12 проектили биле истрелани од украинско толо и дека четири крстосувачки ракети и седум беспилотни летала биле соборени над Крим.

„Осум беспилотни летала беа соборени над регионот Курск, а четири беа пресретнати над Липецк“, додале од тамошното министерство.

Пред точно една година, Велика Британија стана првата земја што ја објави испораката на ракетата со долг дострел „Storm Shadow“. Тие крстосувачки ракети имаат дострел поголем од 250 километри.

„Во електраната во Курск дронот предизвика мал пожар кој брзо беше изгаснат, но нема жртви“, изјавил гувернерот на областа Игор Артаманов.

Слични содржини