Русија денеска го предупреди НАТО дека, доколку Шведска и Финска се приклучат на воената алијанса, ќе мора да ја зајакнат одбраната на копно, море и во воздух и дека „повеќе не се зборува за ненуклеарен статус на Балтикот“.
„Не може повеќе да се зборува за некаков ненуклеарен статус на Балтикот – мора да се воспостави рамнотежа“, рече Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.
Тој нагласи дека Русија до денес нема преземено никакви мерки во таа смисла и дека не ги ни планирала.