184
Двајца вработени во ТВ Таврија од Херсонската област и еден руски продуцент загинаа во гранатирање на реката Дњепар во Херсон од страна на украинската армија, изјави денеска Екатерина Губарева, заменик гувернер на проруските власти на Херсонската област, пренесе ТАСС.
„Украинската армија на 20 октомври изврши 12 ракетни напади на цивилниот премин во Херсон, каде што 11 ракети беа соборени од руската воздушна одбрана, а една ракета падна во областа на мостот Антоновски“, објавија проруските власти.
Четворица цивили загинаа, а 10 се ранети во бомбардирањето, јави ТАСС.