Русија: Во последните 24 часа се предале 694 украински војници

од Stefanija Kuzmanovska
301 прегледи

Во последните 24 часа се предале 694 украински војници од националниот полк Азов, кои биле скриени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, соопшти денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.

Во Мариупол продолжија да се предаваат екстремистите на националистичката единица Азов и украинските војници блокирани во фабриката Азовстал.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија прецизираше дека до понеделник, 16 мај, се предале вкупно 959 украински борци.

Слични содржини