244
Руските истражители не ја исклучуваат можноста дека во убиството на новинарката Дарја Дугина биле вмешани и други лица, освен Украинката Наталија Вовк, по која Истражниот комитет има намера да распише потерница, информираше за Спутник прес-службата на Истражниот комитет.
„Истрагата планира да распише потерница по Наталија Вовк. Во тек е идентификација на други лица инволвирани во извршувањето на ова кривично дело“, се вели во соопштението на Комитетот.