344
Воената опрема што првично беше испорачана во Украина веќе се појави на црниот пазар и беше пренасочена на Блискиот Исток, во Идлиб во Сирија, изјави главниот делегат на Русија во преговорите за воена безбедност и контрола на оружјето во Виена, Константин Гаврилов, пренесе „Ројтерс“.
Постои ризик дека надвор од конфликтните зони ќе се најде и друго лесно вооружување, особено американскиот ракетен фрлач Javelin, преносливиот систем за воздушна одбрана MANPADS и противтенковското оружје, рече Гаврилов.
„Постојат докази дека ова оружје веќе се појавило на црниот пазар и се доставува на Блискиот Исток, особено во Идлиб“, изјави главниот руски делегат во преговорите за воена безбедност и контрола на оружјето во Виена.