Русија воведе санкции за британски официјални лица, историчари и научници

од Stefanija Kuzmanovska
300 прегледи

Русија денеска воведе санкции за 18 британски државјани, вклучително и голем број истакнати историчари и руски експерти, за, како што наведе Москва, обиди да се демонизира Русија и да се поттикне војната во Украина.

„Принудени сме да констатираме дека русофобните британски претставници не бегаат од обиди за дискредитација на уставниот систем и општествено-политичките процеси во нашата земја“, соопшти руското министерство за надворешни работи.

Министерството најави воведување лични санкции против британскиот заменик-секретар за одбрана Џејмс Картлиџ, заменик-советникот за национална безбедност Сара Мекинтош и функционерот задолжен за управување со британските подморници Сајмон Аскит.

Санкции беа воведени и против Стјуарт Пич, специјалниот пратеник на британскиот премиер за Западен Балкан, како и лордовите Ден Ханан и Мајкл Ешкрофт.

Руското министерство најави и воведување санкции против историчарите Орландо Фигес, Норман Дејвис, Тимоти Гартон Еш, Роб Џонсон и Дејвид Абулафија и експерти како Рој Алисон од Оксфорд, Грем Робертсон од Универзитетот во Северна Каролина, Калдер Волтон од Харвард и Џемс Шер од Меѓународниот центар за одбрана и безбедност во Талин.

Слични содржини