Русија денес вратила 1.000 тела во Украина, за кои Москва рече дека се останки на борци од Киев убиени на бојното поле. Ова го објави на социјалните мрежи украинскиот координативен штаб за третман на воени заробеници, објави АФП.
Размената на воени заробеници и телата на убиените војници е една од ретките области на соработка меѓу Киев и Москва, која ја нападна Украина во февруари 2022 година.
Во претходни слични случаи, Украина објави дека Москва ѝ ги предала тела на мртви руски војници, потсетува АФП.
Штабот објави дека процесот на идентификација на пренесените останки ќе започне наскоро и му се заблагодари на Црвениот крст за неговата помош.