Русија: Запрашајте се кој има корист од саботажата на „Северен тек“

од Stefanija Kuzmanovska
303 прегледи

Со оглед на карактерот на нападот врз руските гасоводи „Северен тек“, повеќето аналитичари се согласуваат дека само државните служби можеле да го изведат тоа. Од друга страна, Русија сака да ја префрли вината на САД.

Утринава руското министерство за надворешни работи, како што јави руската новинска агенција РИА Новости, издаде кратко соопштение во кое се наведува дека „инцидентот на Северен тек се случил во зона под контрола на американските разузнавачки служби“.

Руската амбасада во САД на Телеграм уште еднаш го привлече вниманието на ветувањето на американскиот претседател Џо Бајден за запирање на проектот Северен тек 2.

„Го забораваат главното прашање – кој има корист од саботажа на гасоводот?“

„Гледаме дека некои американски претставници се обидуваат да ја обвинат Русија за инцидентите. Можеби имаат подобар поглед од Капитол Хил. Но, ако е така, тие сигурно забележале и американски воени бродови во областа на руската инфраструктура еден ден претходно. Или виделе беспилотни летала и хеликоптери како летаат таму. Или набљудувале вежби на американската морнарица со подводни експлозиви кои се одржаа пред извесно време во истата област“, ​​напишаа од амбасадата.

„Оние кои толку многу размислуваат за овој инцидент го забораваат главното прашање – кој има корист од саботажата
на гасоводот? Од наша страна, ние инсистираме на сеопфатна и објективна истрага за околностите на овој напад врз руските гасоводи“, се додава.

Руски извори постојано се повикуваа на зборовите на Џо Бајден и неговата администрација претходно оваа година кога САД и Германија се заканија дека нема да го отворат Северен тек 2 доколку Русија ја нападне Украина, пишува „Гардијан“.

Слични содржини