„Русија завршува со ослободувањето на Свјатогорск“: Конашенков за предавањето на украинските војници

од Nikola Popovski
369 прегледи

Руската армија го завршува ослободувањето на градот Свјатогорск во ДНР, информирал денеска пред новинарите во понеделникот генерал-мајор Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.

„Украинските формации кои дејствуваа како баражни единици го кренаа во воздух мостот на реката Севернски“, изјавил Конашенков, додавајќи:

„Под налетот на руските единици, остатоците од баталјонот на 95-та ударна бригада и 81-та посебна воздушна бригада на вооружените сили на Украина ја оставија својата воена опрема заедно со оружјето и се разотидоа долж брегот. Според него, до осумдесет украински војници ја препливале реката, а врз нив не бил отворен намерен оган“.

„Сметаме дека одбивањето на украинските војници да го бранат бескорисниот режим на Киев, предводен од националистите, е единствена исправна работа, а не како кукавичлук“, нагласил Конашенков.

Тој исто така ги повика сите војници и припадници на единиците за територијална одбрана на Украина да го следат овој пример и да престанат со „непромислениот отпор за да си ги спасат животите“.

„Вооружените сили на Русија, пак, гарантираат достоинствено третирање на сите кои доброволно го положиле оружјето и ќе се вратат кај своите семејства“, додал портпаролот на Министерството за одбрана.

Конашенков заклучил дека руската армија го завршува ослободувањето на градот Свјатогорск во ДНР и околните територии. Свјатогорск (до 2003 година Славјаногорск) се наоѓа во северниот дел на Доњецката Народна Република, нешто повеќе од четириесет километри југоисточно од градот Изум, регионот Харков, кој е под контрола на руската армија.

Слични содржини