Русин со нож успеал да убие мечка (ВИДЕО)

од Milan1

Во регионот Уват во Русија мечка нападна тројца рибари. Еден од рибарите, за кој се испостави дека е боксер, и покрај раните кои ги доби, му нанел неколку смртоносни убоди на животното.

Русинот Илја Медведев успеал со нож да ја убие мечката која го нападнала него и неговите другари.

„Илја излезе од кома, се освести. Тој комуницира, дури и се движи. Но, тој зема силни лекови против болки. Сега се подготвува за следната операција. Сè уште е тешко да се зборува за целосно негово закрепнување, изјави за „РИА Новости“ личниот тренер на Медведев, Дмитриј Косенко.

Тренерот нагласи и дека боксерот има воспалителен процес во раните и дека температурата не му паѓа. Во моментов е под надзор на лекар за да се избегнат понатамошни воспаленија и инфекции, соопштува неговиот тренер.

Слични содржини