Русинка на ТикТок откри „зошто ја мрази“ Србија

од Сенада Ибраимова
340 прегледи

Изгледа некои не ја разбраа поентата на видеото „Зошто ја мразам Србија“, кое на нејзиниот ТикТок профил го објави убава Русинка, која веќе некое време живее во Белград.

Русинката која на социјалните мрежи се претставува под името „Поли“, е балерина која веќе неколку месеци живее во Белград. Видеата на кои танцува убавата Русинка имаат многубројни погледи, но едно сепак предизвика поголемо внимание од сите. Имено, Поли објави видео со наслов „Зошто ја мразам Србија“.

Насловот на видеото првично предизвика одбранбен став кај Србите, но и ги заинтригира, па не е чудно што има многу прегледи. Сепак, се чини дека содржината е збунувачка за многумина.

@polinaafa Best explanation for best country🤍 Do you agree with me?? Ig: polinaafa #fypシ #trending #fyp #balkantiktok #serbia #balkan #belgrade ♬ I Put A Spell On You – Nina Simone

На снимката убавата Русинка се шминка и дотерува, но ништо не зборува. Дури на крајот од видеото на гледачите им испраќа бакнеж.

Видеото набрзо стана вирално. “Не разбирам, зошто молчиш?“, „Одлично, не’ мразиш, но немаш објаснување“, „Мачката си го изеде јазикот? Кажи сега, па да ти објасниме зошто не треба да не’ мразиш“, се дел од коментарите кои ги пренесува Блиц Жена.

Едно момче објасни дека, Поли всушност не ја мрази Србија и затоа цело време молчи за време на видеото, бидејќи нема причина за тоа.

Слични содржини