Група Русинки апелираа до Владимир Путин да престане да ги испраќа нивните сопрузи и деца на линијата на фронтот во Украина како „топовско месо“ без соодветна обука, пренесува Телеграф.
Во видео споделено на интернет, жените велат дека мобилизацијата на нови регрути во армијата е предавство откако рускиот претседател рече дека нема веднаш да бидат испратени на линијата на фронтот.
#Russia The wives of those mobilized from the Moscow region recorded an appeal to Vladimir Putin and Sergei Shoigu. They are complaining that their husbands were thrown as cannon fodder to fight against Ukrainians after only three months of training. pic.twitter.com/oX6zF0ICam
— Hanna Liubakova (@HannaLiubakova) March 12, 2023
Сопругите на мобилизираните од московскиот регион снимија апел до Владимир Путин и Сергеј Шојгу. Тие се жалат дека нивните сопрузи биле фрлени како топовско месо за да се борат против Украинците по само три месеци обука, напиша активистката Хана Лубиакова на Твитер.
Жените велат дека нивните синови, сопрузи и браќа биле „фрлени како месо“ да упаднат во утврдените области во Украина. На видеото споделено од независниот Телеграм канал за вести – СОТА, тие можат да се видат како стојат во група држејќи знак на руски на кој пишува „580 посебна артилериска дивизија хаубица“, од 11 март 2023 година.
„Мојот сопруг… се наоѓа на линијата на контакт со непријателот“, вели една жена.
„Нашите мобилизирани [мажи] се испраќаат како јагниња на колење за да упаднат во утврдените области – пет одеднаш, против 100 тешко вооружени непријателски мажи“, продолжи таа.
Прочитајте повеќе на следниот линк.