Русите чекаат ред за да го гледаат „Барби“, и покрај санкциите

од Vladimir Zorba
324 прегледи

И покрај забраната за прикажување холивудски филмови во Русија, поради поддршката на земјата за Украина, Русите го кршат законот и ризикуваат затвор само за да ја гледаат „Барби“.

Филмот „Барби“ ја привлекува публиката во руски мултиплекси и покрај санкциите од Западот. Има огромна розова куќа во московски трговски центар, подигната до ресторан, со розов мебел, розови пуканки и картонски фигури на Барби и Кен во природна големина кои се смешкаат од уво до уво, јавува Би-Би-Си.

По нападот на Украина, голем број холивудски студија престанаа да ги прикажуваат своите филмови во Русија, но нелегалните копии го пронаоѓаат патот и филмовите се уредно синхронизирани на руски јазик, наведува британскиот сервис.

Слични содржини