Русите формираат нова воена единица: Големи парични бонуси за доброволците

од Stefanija Kuzmanovska
233 прегледи

За да ја зајакне операцијата во Украина, Русија речиси сигурно воспоставува нова формација на копнени сили, Третиот армиски корпус, соопшти британското министерство.

Тие нудат високи парични бонуси на новодојденците.

„Русија веројатно планира да распореди голем дел од 3 AC од новоформираните волонтерски единици кои собираат регрути низ целата земја. Руските регионални политичари потврдија дека на потенцијалните регрути им се нудат големи парични бонуси по заминувањето во Украина“, пишува Министерството.

„Регрутите можат да бидат мажи на возраст до 50 години и со завршено средно образование. Рускиот армиски корпус обично се состои од 15.000 до 20.000 војници, но веројатно ќе биде тешко за Русија да пополни толку 3 АС, бидејќи јавноста не покажува многу ентузијазам за доброволно учество во борбите во Украина“, додава тој.

Слични содржини