Британското Министерство за одбрана објави нови разузнавачки информации за руската инвазија на Украина.
„Како одговор на растечките загуби, руските вооружени сили се обидуваат да го зголемат бројот на војници со персонал отпуштен од воена служба од 2012 година“, соопшти британското разузнавање.
Британското министерство наведува и дека Русите се обидуваат да ја зголемат својата борбена моќ со регрутирање од непризнатиот регион Придњестровје во Молдавија.