Русите го одбиле нападот на украинските сили на Херсон

од Nikola Popovski
178 прегледи

Заменик-шефот на руската администрација во Херсон, Кирил Стремусов, денеска соопшти дека руските војници спречиле обид на украинската армија да ја пробие одбранбената линија кај градот Берислав во областа Херсон.

Тој додаде дека Украинците во нападот изгубиле два тенкови.

„Денес украинските неонацисти се обидоа да напредуваат во областа Берислав, но нападот беше одбиен и два тенкови беа уништени“, рече тој.

Стремусов пред два дена извести дека силите под контрола на Киев извршиле напад врз реонот на селото Брускинское, но дека руската армија успешно го потиснала непријателот на почетните позиции.

Слични содржини