Речиси 300 луѓе беа закопани во масовни гробници во Буча, град северозападно од Киев, кој украинските војници го вратија од руските сили, изјави градоначалникот Анатолиј Федорук.
„Веќе закопавме 280 луѓе во масовни гробници во Буча“, бидејќи тоа беше невозможно да се направи на три гробишта во општината, сите во домет на руски војници, изјави Федорук за Франс прес.
Според него, на некои улици има од 15 до 20 тела, но не се знае колку има во дворовите и зад оградите на куќите.
„Сè додека не пристигнат експертите за расчистување мини, не се препорачува преземање на телата“, рече Федорук, додавајќи дека сето тоа се последици од руската окупација.
My brother sent this to me. Town of Bucha northwest of Kyiv. The amount of dead citizens on one street alone…I just can’t even process. pic.twitter.com/KOSwISih6N
— Viktoriia 🇺🇸🇺🇦 (@ViktoriiaUAH) April 1, 2022