Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изврши инспекција на оддалечениот арктички гарнизон на Северната флота, соопшти Министерството во саботата, додека дел од воените бродови беа испратени во Арктичкиот океан за да ги извршуваат своите задачи.
Шојгу ја прегледа воената инфраструктура и „подготвеноста да дејствува за заштита и одбрана на клучните објекти“, соопшти Министерството на комуникациската платформа „Телеграм“.
Дел од воените бродови, меѓу кои и разурнувачот „Вице адмирал Кулаков“, десантниот брод „Александар Отраковски“ и шлеперот „Алтај“, се испратени на Арктикот, соопшти Министерството.
Од соопштението не е јасно кога Шојгу ги посетил.
Северната флота соопшти дека во петокот започнала со воени вежби, фокусирајќи се на активностите за заштита на рускиот суверенитет во водите на Северниот морски пат.
Во рамките на воените вежби, борбените авиони МиГ-31 извршија воздушна одбрана, воздушно извидување и заштита на силите кои дејствуваат во зоната на Арктикот, додава Министерството.