Еден од главните пропагандисти на Кремљ ја пофали републиканската претставничка Марџори Тејлор Грин за гласањето против испораката на пакетот помош од САД од 60 милијарди долари за Украина, пишува Newsweek.
Маргарита Симонјан, главна уредничка на рускиот медиум РТ, ја објави оваа изјава додека зборуваше на телевизија заедно со водителот Владимир Соловјов, една од најистакнатите фигури во медиумите поддржани од Кремљ.
Симонјан исто така ја нарече Грин „убавица“.
Грин е една од водечките републиканки кои го поддржуваат Трамп и е позната по тоа што застапува бројни теории на заговор и силно се спротивставува на американската помош за Украина.