Русите ја зазедоа најголемата термоцентрала во Украина

од Nikola Popovski
218 прегледи

Руските сили ја презедоа контролата врз термоелектраната Углиегорск во Светлодарск, соопшти заменик министерот за внатрешни работи на Луганската Народна Република Виталиј Кисељов.

Според неговите зборови, јуришните одреди „утрово ја окупирале целата територија на термоелектраната Угљегорск“.

Од 22 мај, термоцентралата ја држат единиците на вооружените сили на Украина, кои се повлекоа од Светлодарск и околните населени места поради закана од опкружување, напиша Кисељов на Телеграма.

Станува збор за најголемата термоелектрана во Украина. Самиот Светлодарск беше ослободен на крајот на мај, јавуваат руските медиуми.

Претходно беше објавено дека руската војска ја презела контролата и врз селото Кокровско, и дошла на пет километри од градот Бахмут.

Слични содржини